Скопје,05.05.2017 г.
Ве информираме дека заради пуштање во продукција на нова веб страна, денес (05.05.2017 година) со почеток од 16 часот ќе има прекин во работењето на официјалната интернет страна на Царинската управа.
Царинската управа на Република Македонија разви нова веб страна, согласно најновите технолошки решенија и принципите на транспарентност и отчетност во своето работење, а со цел ефикасно споделување на информации до целната публика и подобрување на позитивното мислење преку промоција на својата работа и постигнати резултати. Со помош на модерен стилски дизајн и дефинирање на целните групи за кои се наменети информациите кои се објавени и ќе се објавуваат, во текот на изработка на новата веб страна како основна цел го имавме зголемувањето на бројот на посети и прегледи на новиот веб сајт.
Дополнително, на новата веб страна имплементирано е зголемување на можностите за пристап до информациите за лицата со инвалидност и воведен е страндардот за веб пристапност WCAG 2.0 дефиниран од страна на Обединетите Нации. |