pandora perlen buy runescape money tiffany pendants hollister hoodies ghd osterreich mbt kengat links of london jewelry thomas sabo charms levis dritto pandora armband
 
 
Почетна | За нас Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
Пребарување:
 



 Актуелно
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ОВЛАСТЕНИ ПЕЧАТНИЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕУР ОБРАСЦИ
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА - НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА!
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА

Вести
ЗАПЛЕНЕТИ ДЕВИЗИ, ТЕХНИЧКА СТОКА, ОБУВКИ, КОЗМЕТИКА И ФАЛСИФИКАТИ
 
 


Скопје, 10.04.2017 г.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, техничка стока, обувки, козметички производи и фалсификати.
Задржани се следните производи:

Девизи
- 8.000 швајцарски франци и 1850 евра, откриени во два одвоени случаи, на скопскиот аеродром Александар Велики.
Во првиот случај, при личен претрес на македонски државјанин, кој пристигнал со лет од Базел, во џебови од панталоните и јакната биле пронајдни вкупно 18.350 швајцарски франци и 760 евра. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.350  швајцарски франци и 760 евра, противвредност на 10.000 евра – износ што може слободно да се внесе во државата, а 8.000 швајцарски франци се привремено задржани.

Во вториот случај, во рачна ташна на македонска државјанка, која имала намера да отпатува со лет за Загреб, бил пронајден плик со 3.850 евра, вметнат помеѓу страниците на книга. Патничката не поседувала документ за потекло на парите, поради што 2.000 евра, износ што може слободно да се изнесе од државата, ѝ биле вратени, а 1.850 евра се привремено задржани.
Против патниците ќе бидат поведени прекршочни пријави за сторените прекршоци.

Техничка стока
- 3 електронски плочи за стругови, со ознаки FUB-P4M4, FUB-DR3 и FUB-P4R2, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Обувки
- 39 пара патики, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените патики, пронајдени во 5 најлонски кеси, сместени на креветот во кабината на возилото,  се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка. Истовремено, поради сомневање дека патиките претставуваат фалсификати на заштитени трговски марки, Царинската управа ќе започне и постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Козметика
- 1.005 парчиња козметички производи (моливи за усни, кармини, маскари за трепки, сенка за очи и пудри за лице), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во 4 картонски кутии, сметени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
- 6.942 дезодоранси со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на турски камион, натоварен со стока со потекло од Турција наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран.   
Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 8,5 милиони денари, доколку би се продавале како оригинални.
Сомнителните производи се привремено задржани и согласно законските прописи, Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на нивната оригиналност.





Назад 

Креиран од Admin на 10.04.2017
MK | EN | SQ

 
 
 
 


ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК -СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО

 

ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА ВО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

 

АНКЕТА ЗА КОРУПЦИЈА


 e-Carina
НОВ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ-NCTS
СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ-СОЦДАД
ИНТЕГРИРАНА ТАРИФНА ОКОЛИНА (ИТО)

   

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕОРИ БРОЈ

 

Е-ТРГОВИЈА

 

ПРОМОТИВЕН СПОТ ЗА КАПАЊАТА ЗА УСНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОКА

АНКЕТА ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

КОЛКУ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЦАРИНСКИТЕ ЗАСТАПНИЦИ?

БЕЗГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДАВАЧКИ

 


 Новини

    
 

 


 

 Линкови

 
 

 Сервиси

Supported by




Моментално посетители: 29
Вкупно посетители: 10350696

 
Почетна | За нас | Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
©2004 Царинска Управа на Република Македонија