Ве известуваме дека почнувајќи од 25.04.2017 год. превозниците кои превезуваат стока за Република Турција со ТИР карнет задолжително ќе мора да поднесат информација (пред-декларација) пред пристигнувањето на возилото во царинската територија на Република Турција преку ТИР-ЕПД или преку новиот систем ТИРКУС (TIRCUS). Електронската пред-декларација мора да биде доставена до царинската испостава на влез во Република Турција. ТИР карнетот нема да биде прифатен доколку не е поднесена пред-декларација. Доколку пред-декларацијата се достави по пристигнувањето на возилото во царинската територија на Република Турција истото ќе биде предмет на контрола согласно анализата на ризик.
Во продолжение линк до корисничко упатство за начинот на поднесување пред-декларција во системот ТИРКУС (TIRCUS).
Корисничко упатство |