Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Архива на вести

Ве информираме дека заради пуштање во продукција на нова веб страна, денес (05.05.2017 година) со почеток од 16 часот ќе има прекин во работењето на официјалната интернет страна на Царинската управа.
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани лекови, златен накит, лозови садници, семе за трева, автоделови, алкохолни пијалоци, облека и друго.
Директорката на Царинската управа учествуваше на семинар на високо ниво за зајакнување на соработката помеѓу царинските и даночните служби. Семинарот се одржа од 27-ми до 28-ми април 2017 година во Малта.
Царинската управа на Република Македонија на 24.04.2017 година зеде активно учество во јавната кампања за подигнување на свеста за штетните последици од фалсификуваните производи, што се одржа во просториите на ТЦ РАМСТОР во Скопје во рамките на Твининг проектот „Зајакнување на правата од интелектуална сопственост“ имплементиран од „Данската канцеларија за патенти и трговски марки“.
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, лекови, вакцини за животни, цигари, мотор за патничко моторно возило, монитор, облека и чаеви.
Директорката на Царинската управа учествуваше на состанок на директорите на царинските служби на земјите членки на Светската царинска организација од регионот на Европа што се одржа од 19-ти до 21-ви април 2017 година во Виена - Австрија.
Царинската управа на Република Македонија организира спроведување на претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат
Во текот на минатата седмица, царинските службеници открија четири царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, домашна ракија, делови за апарати за игри на среќа, спрејови и раствор за инјекции за животни, хербициди и фалсификати.
Царински инспектори од Одделението за оперативни работи запленија 7 килограми хероин на граничниот премин Богородица.
Ве известуваме дека заради целосно искористување на пропишаната количинa на квотa предвиденa за второто тромесечие од 2017 година за Европска унија, има промена на царинските давачки во рамки на квота за стоките кои се распоредуваат во тарифнaта ознака 0701 90 90.
 
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ...

MK | EN | SQ
 Новини
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 27
Вкупно посетители: 10350694

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а